Газпром во изминатите четири месеци го намали производството на гас за 2,5 отсто во споредба со истиот период минатата година, на 175,4 милијарди кубни метри, според прелиминарните податоци.
Од почетокот на годината, извозот на гас во земјите надвор од ЗНД е намален за 26,9 отсто, или 18,4 милијарди кубни метри, на 50,1 милијарди, пренесува ТАСС.
Просечниот дневен извоз на гас во април е намален за 21,6 отсто во однос на март и изнесува 386,7 милијарди кубни метри.