Руски Газпром во текот на јануари ќе отвори канцеларија во Загреб и планира многу активно да се вклучи во борбата на пазарот на природен гас, пишува Вечерњи лист повикувајќи се на извори од самата компанија. Наводно се заинтересирани и за учество во разни енергетски и индустриски проекти, особено во оние каде плинот служи како енергенс или суровина за производство – електроенергетика и петрохемија.
“Веруваме дека можеме да понудиме значително пониска цена на гасот од онаа што во моментот се плаќа во Хрватска, а таквата цена би требало да делува мотивирачки на цела низа проекти за модернизација и развој на гасни електроенергетски објекти кои со актуелната цена не беа исплатливи”, вели изворот за Вечерњи.
Претходно, на Хрватска и беше понудено наместо Унгарија да биде на магистралниот правец на гасоводот Јужен тек и втор јазол по Бугарија, но тогашниот премиер Иво Санадер ја одби таа можност. Хрватска сега, евентуално би можела да се приклучи на Јужен тек преку крак од Србија.