Газпром заинтересиран за бензинските пумпи на ИНА

47

ina_benzinskaРуската нафтена компанија Газпром не размислува за влез во ИНА, но поради тоа што е заинтересирана за малопродажба во близина на рафинеријата во Панчево, би можела да размисли за купување на бензинските пумпи на оваа хрватска нафтена компанија.

Ова е одговорот на претседателот на управата на Нафтената индустрија Србија (НИС) која е во сопственост на Газпром, Кирил Кравченко, на прашањето дали Газпром или НИС се заинтересирани за влез во ИНА, пишува Јутарњи лист. Според Кравченко, парите не се причина за одлуката ниту една од двете компании да не влезе во сопственичката структура на ИНА. Газпром ги проучува разните можности во Европа, а особено е заинтересиран за различни проекти во регионот и купување на бензински пумпи во државите во близина на рафинеријата во Панчево.

Газпром е мегакомпанија со 393.000 вработени. Минатата година оствари приход од 153 милијарди долари и добивка од 38,7 милијарди долари.