Geely купува 8,2% од акциите во AB Volvo

22

volvo-ab-6-480x480

Фото: Geely

Кинеската компанија Zhejiang Geely Holding Group обезбеди 8,2% од акциите во шведскиот производител на камиони AB Volvo по постигнување договор со најголемиот инвестициски фонд на Европа, Cevian Capital.

Кинескиот производител на автомобили, којшто го купил Volvo Cars пред седум години, ќе стане најголем акционер на производителот на камиони по завршувањето на трансакцијата.

Инвестицијата во AB Volvo е последниот чекор од кинеската автомобилска група, основана од милијардерот Ли Шуфу, а со тоа сака да го прошири своето влијание во светот, пишува South China Morning Post.

“Ние ја препознаваме и ја цениме гордоста на скандинавска историја и култура, водечките пазарни позиции, технологии и еколошки способности на AB Volvo. Ќе го поддржиме бордот на директори и менаџментот на AB Volvo во нивното континуирано извршување на сегашната стратегија“, вели Ли.

Во јуни, Geely Holding купи 49,9% од малезискиот производител на автомобили Proton и 51% од иконата на британската марка за спортски автомобили Lotus Cars.