Гејтс: Бројот на смртни случаи ќе се намали, барем во богатите земји

73

Основачот на Microsoft и американски милијардер, Бил Гејтс ги сумираше своите впечатоци оваа година, опишувајќи ја како страшна, но смета дека добрата вест ни пристигнува во 2021 година.

Пандемијата на коронавирус, пишува милијардерот и филантроп, уби 1,6 милиони луѓе ширум светот и зарази 73 милиони. Покрај тоа, таа предизвика огромна економска штета.

Сепак, како што наведува Гејтс, во 2021 година нè очекуваат добри вести. Осврнувајќи се на научниот напредок во развојот и дистрибуцијата на вакцини за коронавирус, Гејтс на неговиот блог GatesNotes напиша:

“Луѓето никогаш не постигнале поголем напредок во ниту една болест за една година, како што постигна светот оваа година. Под нормални околности, правењето вакцина може да трае и до 10 години. Овој пат се создадени повеќе вакцини за коронавирус за помалку од една година“.

И покрај напредокот, Гејтс верува дека на луѓето сè уште им се заканува пандемијата на коронавирус.

Бројот на починати ќе се намали, барем во богатите земји

Американскиот милијарде  и покрај тоа што објави дека состојбата поврзана со  коронавирусот може да се влоши, смета дека постојат две главни причини зошто луѓето треба да имаат надеж дека работите ќе се подобрат.

“Првата причина е што маските, социјалното дистанцирање и другите мерки можат да го забават ширењето на вирусот корона и да спасат животи бидејќи вакцините се испраќаат низ целиот свет. Друга причина зошто треба да се надеваме е дека пролетта 2021 година, вакцините против вирусот ќе бидат толку раширени што ќе имаат влијание врз светот. Иако сè уште треба да бидеме рестриктивни кога станува збор за пример за јавни собири, бројот на смртни случаи нагло ќе се намали. Барем во богатите земји, животот ќе биде поблизу до нормалното отколку што е сега“, посочи тој.

Фото: Facebook