Гејтс ја презема контролата врз хотелите Four Seasons, уделот го презеде од контроверзниот принц

141

Фондот поврзан со Бил Гејтс ја презема контролата врз хотелите Four Seasons, кои ќе го чинат 2,2 милијарди долари.

Cascade Investment LLC  во сопственост на еден од најбогатите луѓе на планетата Бил Гејтс, купува околу 50 проценти од уделот на саудискиот принц Алвалид бин Талал.

Според Ројтерс, Алвалид поседува удели во многу компании, како што се Citigroup Inc и компанијата Lyft Inc и ги продава своите удели во хотели во изминатите 10 години.

Според странските медиуми, принцот бил ослободен на почетокот на 2018 година, откако бил приведен во хотелот Ritz-Carlton во Ријад, со многу членови на кралското семејство, високи функционери и бизнисмени, како дел од антикорупциската акција на Саудиска Арабија.