General Electric продава дел од бизнисот

23

geФото: Facebook

Американскиот индустриски конгломерат General Electric ќе продаде дел од бизнисот за осветлување на поранешниот извршен директор Јерг Бауер, човекот кој неодамна беше претседател на седиштето на компанијата во Унгарија. Засега сумата на договорот не е позната, пренесува Reuters.

Овој договор го означува првиот чекор во проширувањето на бизнисот со осветлување во Европа, Средниот Исток, Африка и Турција. Тоа значи дека дел од производите на компанијата ќе почнат да се продаваат одделно.

GE се подготвува да го продаде бизнисот, а средствата од продажбата да ги вложи во воздухопловството и здравствената заштита, откако профитот на компанијата падна од две милијарди на 93 милиони долари во 2017 година.