General Motors од 2035 година ќе произведува само електрични возила

83

Најголемиот американски производител на автомобили General Motors (GM), планира до 2035 година да запре со производство на коли на бензин и нафта и оттогаш да нуди целосно електричен асортиман.

GM е една од најголемите производители на автомобили, кои поставија рок да преминат кон производство на електрични возила, пренесе The Wall Street Journal.

Повеќе држави како Јапонија и Обединетото Кралство, како и сојузната американска држава Калифорнија, соопштија дека ќе ги забранат автомобилите кои работат на бензин и нафта до 2035 година.

Фото: Pixabay