General Motors поради штрајк дневно губи 90 милиони долари

55

Американската компанија General Motors поради штрајкот на здружението Обединети автомобилски работници (United Auto Workers UAW) губи милионски суми дневно.

Работниците штрајкуваат од 16-ти септември и ја започнаа и четвртата недела. Загубите растат и за компанијата и за работниците, а решение нема на повидок.

Според проценките GM, досега имаат изгубено 660 милиони долари, пишува CNN.

Извршниот директор,Патрик Андерсон вели дека како што навлегуваат во четвртата недела од штрајкот, загубите ќе бидат огромни и ќе достигнат 90 милиони долари дневно.

Речиси 50.000 работници, членови на UAW, 23 дена добиваат само 250 долари неделно бенефиции за штрајк, наместо нивната нормална плата од 30 долари на час.

Фото: Pixabay