General Motors во иднина ќе произведува само електрични возила

18

pexels-photo-164049

Фото: Pexels

Американската корпорација General Motors (GM) ги соопшти своите планови според коишто ќе го пренасочи целото производство кон електрични возила, пишува Washington Post. Производителот ќе претстави два нови електрични модела следната година и уште 18 до 2023 година.

Сепак, GM не најави кога точно ќе престане да произведува автомобили што се движат на бензин и нафта.

Корпорацијата ја заврши 2016 година како трет најголем продавач на автомобили и го сруши сопствениот рекорд со продадени 10 милиони возила.

Со ова, производителот најавува иднина со нула емисија на штетни гасови и побезбедно возење на улиците, а за да се овозможи тоа ќе бидат потребни возила со електрични батерии и автомобили со водородни ќелии.