Geo Orbital – тркало што обичниот велосипед го претвора во електричен за 60 секунди

64

geo orbital

Geo Orbital е тркало што обичниот велосипед го трансформира во електричен велосипед за само 60 секунди.

Ова иновативно тркало може да замени било кое предно тркало од велосипед, а за негово монтирање не е потребен никаков посебен алат. Го има во две величини, што покрива околу 95% од големините на велосипедите за возрасни.

geo orbital trkalo

На тркалото е вграден мотор од 500 W, што на велосипедистот му овозможува да достигне брзина од околу 32 километри на час за само шест секунди. Енергија од вртењето на педалите се акумулира во батерија Panasonic од 36V. Со полна батерија и мало асистирање на педалите може да се поминат и до 80 километри.

Американскиот старт – ап Geo Orbital го постави иновативното тркало на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Првично, побара 75.000 долари поддршка, а доби 1,2 милиони долари.