
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) препорачува земјите да го намалат нивото на долгови и да создадат средина погодна за економски раст, но и да се подготват за вештачка интелигенција, рече Кристалина Георгиева, управниот директор на оваа финансиска организација, за време на дискусијата на Светскиот економски форум во Давос.
Според неа, компаниите сè уште се соочуваат со непотребни пречки, што го спречува или забавува растот.
Друг совет до земјите е да се подготват за претстојната технолошка трансформација и да ја прифатат вештачката интелигенција (ВИ) на систематски начин што е можно поскоро.











