
Војната на Блискиот Исток ќе доведе до повисока инфлација и побавен глобален раст, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.
Пред објавувањето на новите прогнози на ММФ за светската економија следната недела, Георгиева истакна дека би било поинаку доколку немаше конфликт на Блискиот Исток, објави Ројтерс.
„Ќе видевме мало подобрување во нашите проекции за раст, а наместо тоа, сите патишта сега укажуваат на повисоки цени и побавен раст“, рече таа.











