Георгиева: Земјите во развој мора брзо да дејствуваат со вештачката интелигенција

Земјите во развој сфаќаат дека сега е време брзо да ја прошират својата енергетска инфраструктура за да ги искористат придобивките од вештачката интелигенција (ВИ), изјави  директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

За време на годишниот состанок на ММФ и Светската банка во Вашингтон, таа спомена дека земјите во развој треба да дејствуваат слично како што дејствувале кога станува збор за мобилни плаќања во дигиталната област, објави Ројтерс.

Георгиева истакна дека вештачката интелигенција нуди одлични можности за стимулирање на растот и продуктивноста, но дека земјите во развој ризикуваат да заостанат ако не применат систематски пристап.