Гересхајмер отвори фабрика во Бунарџик, инвестиција од 25 милиони евра и 400 работни места

30

Германската компанија Гересхајмер денеска официјално ја отвори фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.

Станува збор за инвестиција од областа на фармацевтската и здравствената индустрија во минимална вредност од 25 милиони евра во која треба да се вработат 400 лица.

“Поради ковид кризата изгубивме само околу половина година. Ве уверувам дека во следните два до три месеци ќе имаме значајно производство тука“, рече Оливер Бургел, потпретседател на Гересхајмер.

Првиот инвестициски циклус на Гересхајмер е петгодишен и започна во 2019 година, а се очекува да заврши до 2024 година со инвестиција од најмалку 25 милиони евра. Делегација на Гересхајмер, вчера на средба во Влада најави и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински цели.

Гересхајмер е водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика со годишен обрт од 1,5 милијарда евра. Како што истакна Бургел, до 2028 година планираат годишниот обрт да изнесува 3,5 милијарди евра.

Фото: Facebook