Германците натрупуваат залихи од злато во време на пандемија

82

Германците во текот на пандемијата почнале да натрупуваат злато, покажуваат официјални податоци.

Граѓаните на Германија располагаат со околу 9.089 тони злато, најмногу во форма на прачки и монети, покажува анализата на Универзитетот Steinbeis во Берлин.

Тоа е околу 269 тони повеќе во однос на податоците од 2019 година и досега најголема количина.

Околу 3.900 тони злато е во форма на накит, покажало истражувањето во коешто се опфатени 2.000 возрасни лица во Германија.

Централната банка на Грција во своите трезори чува 3.362 тони злато.

Златото и понатаму важи за безбедна инвестиција во услови на криза.

Фото: Pexels