Германците заинтересирани за новата црногорска компанија

54

Германскиот амбасадор во Црна Гора, Роберт Вебер е особено заинтересиран за моменталната состојба во врска со Montenegro Airlines, како и за понатамошните планови на владата во врска со формирање на нова национална авиокомпанија, беше објавено на состанокот на Вебер со министерот за финансии и социјална помош Милојко Спајиќ.

Вебер посочи дека туризмот е многу важна гранка на црногорската економија и дека затоа е потребно да се обезбедат добри транспортни врски помеѓу Црна Гора и остатокот од Европа, пренесува Cafe del Montenegro.

Фото: Facebook