Германија: Да се работи од дома за да се сузбие заразата

35
Man Working Coffee Shop Cafe Concept

Германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмаер, ги повика фирмите да се фокусираат на работа од дома како ефикасна мерка во борбата против пандемијата. Неговата земја се подготвува за нов карантин со цел да се заузда ширење на заразата.

“Треба да ги намалиме контактите во светот на бизнисот… тоа е потребно од био кога. Тоа не е иделано решение, но сигурно штити од инфекција“, рекол Штајнмаер, повикувајќи ги компаниите да им овозможат на луѓето да работат од дома.

Скоро 25% од вработените во Германија или 10 милиони луѓе работат од дома, а властите сакаат таа бројка да ја зголемат бидејќи пандемијата не стивнува.

“Секоја компанија, секоја управа на фирмите треба да провери дали е возможно што е можно повеќе да се работи од дома“, изјави Штефан Зајберт, портпарол на германската канцеларка, Ангела Меркел.

Фото: Freepik