Германија ги намали прогнозите за економски раст за оваа година

31

Германскиот министер за економија во заминување Петер Алтмаер изјави дека долгорочните изгледи на земјата се добри, но предупреди дека економијата оваа година ќе има полоши резултати од очекуваните.

„Растот оваа година ќе биде помал отколку што сите замислувавме поради континуираниот недостиг на суровини и зголемените цени на енергијата“, истакна Алтмаер за Германското радио.

Тој додаде дека стабилизирањето на меѓународните синџири на снабдување е главен приоритет и оти ќе треба да се произведат повеќе микрочипови во Европа за да можат да работат клучните индустрии.

Алтмер предвидува дека германската економија следната година ќе има раст од над четири проценти.

Германската Влада очекува бруто домашниот производ да се зголеми за 2,6 отсто во 2021 година, додека во април очекуваше стапка на раст од 3,5 проценти.