Германската влада ги олесни ограничувањата за влез на сезонските работници на фармите, коишто беа воведени за да помогнат во спречување на ширењето на коронавирусот.
Од 16 јуни до 31 декември, на сезонските работници од Европската унија и Шенген зоната ќе им биде дозволено слободно да влезат во Германија преку копно или воздух за да помогнат во бербата на земјоделски култури, објави министерката за земјоделство Јулија Клоекнер, пренесува Euroactiv.
Германија претходно утврди дека максимум 80.000 сезонски работници можат да влезат во земјата поради пандемијата, но влегле помалку од половината од таа квота.
Бидејќи бројот на нови случаи на коронавирус се намалува и Германија продолжува да ги олеснува ограничувањата, земјоделците сакаат да бидат сигурни дека се подготвени за жетва.
Минатата година германскиот земјоделски сектор вработи речиси 300.000 сезонски работници, претежно од Романија и Полска.
Фото: Pixabay











