Германија и платила на Русија 9,1 милијарди евра за нафта и гас од почетокот на инвазијата

148

Независна група истражувачи објави дека Германија била најголемиот купувач на руска енергија во првите два месеци од руската инвазија на Украина, пишува Sky News.

Студијата објавена од Центарот за истражување на енергија и чист воздух проценува дека Русија продала фосилни горива во вредност од 62,64 милијарди евра од 24 февруари, кога ја започна инвазијата на Украина.

Користејќи податоци за движењето на танкери, следење на протокот на гас во реално време и проценки засновани на историски податоци, истражувачите процениле дека Германија и платила на Русија околу 9,1 милијарди евра од инвазијата за испорака на фосилни горива во првите два месеци од војната.

Германската влада соопшти дека нема да ги коментира проценките и одби да даде свои бројки.