
Германија има најстаро работно население во Европската Унија, а речиси секој четврти вработен е постар од 55 години, според податоците објавени денес од Федералниот завод за статистика (Дестатис).
Како што е наведено, во 2024 година, Германија имала околу 40,9 милиони вработени во возрасната група помеѓу 15 и 64 години, а од нив 9,8 милиони работници во возрасната група помеѓу 55 и 64 години, што одговара на удел од 24 проценти.
Главните причини се демографското стареење на населението во Германија, но и фактот дека, во просек, граѓаните се пензионираат подоцна отколку порано.












