Германија испечати банкнота од 0 евра

24

evro

Фото: Pexels

Германија испечати банкноти со вредност од 0 евра, пишува Neue Osnabrücker Zeitung. Согласност дала Европската централна банка, а банкнотите се продаваат како сувенири и чинат 2,5 евра.

Банкнотата нема никаква вредност и не може да се употребува во трговија. Испечатена е на иста хартија како и регуларните банкноти и применети се сите мерки за заштита, вклучувајќи холограми и заштитни жигови.

Во оптек се пуштени 5.000 банкноти, а на нив е прикажан едреникот на германската морнарица Gorh Fok 2 од 1958 година.