Германија извезе оружје од над милијарда евра на Блискиот исток

44

Германската влада одобри извоз на оружје во вредност од над милијарда евра на земјите коишто се вклучени во судирите во Јемен и Либија, јавуваат светските медиуми.

До 17-ти декември, Берлин за Египет одобри продажба на оружје и воена опрема во вредност од 725 милиони евра. Исто така, одобрен е извоз на оружје во Катар (305 милиони евра), Обединети Арапски Емирати (51,3 милиони евра), Кувајт (23,4 милиони евра) и Турција (22,9 милиони евра).

Дозволи се издадени и за Јордан (1,7 милиони евра) и Бахреин (1,5 милиони евра), со што вкупната вредност на извозот на оружје достигна 1,16 милијарди евра.

Сите наведени земји се вклучени во еден или двата судири во Јемен и Либија.

Фото: Freepik