Германија ја намали прогнозата за економски раст

34

Германската влада ја губи довербата во економското закрепнување во 2021 година, поради новите ризици што ги носи пандемијата.

Владата очекува дека бруто домашниот производ (БДП) оваа година ќе порасне само за 3% и дека на преткризното ниво ќе се врати на средината на следната година.

На крајот на октомври лани, германските власти објавија дека економијата во 2021 година би требало да се зголеми за 4,4%. Во ноември владата воведе нови рестриктивни мерки поради зголемениот број на заразени.

Фото: Freepik