Германија ќе изгради електричен автопат од 10 километри

24

ehighway-scania-truck

Фото: Siemens

Германската компанија Siemens во договор со германската покраина Хесе ќе изгради 10 километри долг електрицифиран автопат, пишува Inhabitat. Хибридните камиони ќе може да се поврзат со кабли за полнење за да возат на електрична енергија, а потоа да се префрлат на дизел откако ќе го напуштат патот eHighway.

Иницијативата за eHighway на Siemens може двојно да ја зголеми енергетската ефикасност на товарните возила. Дизајнот на автопатот овозможува секој камион лесно да се интегрира во електрицифираниот систем.

“Со eHighway создадовме економски одржливо решение за товарниот сообраќај на патиштата. Нашата технологија е изводлива алтернатива за камиони кои[o работат со мотори со внатрешно согорување“, вели технолошкиот менаџер на Siemens, Роланд Едел.