Германија лани продала пиво исто како и во 1993-та година

27

Продажбата на пиво во Германија во 2020 година падна на најниско ниво откако статистичката канцеларија во 1993 година почна да објавува податоци. Како причина за падот се наведуваат рестриктивните мерки во услови на пандемија, поради кои угостителските објекти не примаа гости.

Пиварите минатата година продале околу 8,7 милијарди хектолитри пиво, што е за 5,5% помалку одошто една година претходно.

Во бројката не се вклучени безалкохолните пива, напитоци од слад и пива увезени од земјите надвор од Европската унија.

Германската љубов кон пивото има долга традиција, но 2020 беше посебно тешка година за производителите на пиво, бидејќи заради пандемијата беа откажани бројни фестивали и настани, што се проследени со продажба на голема количина на пиво, како што е познатиот минхенски Octoberfest.

Фото: Freepik