Германија најголем извозник на хартија

73

Иако дигитализацијата донекаде ја заменува хартијата, од причина што денес комуникацијата во голема мера се одвива по електронски пат, сепак потребите од овој производ сè уште се големи.

Во глобални рамки, минатата година земјите од стариот континент биле најголеми извозници на хартија со заработени 99,6 милијарди долари од продажбата, со 56,2% вклученост во извозот на глобално ниво.

На второ место се азиските извозници со 25,1%, трети Северна Америка со 14,7%. Помал процент отпаѓа на Јужна Америка 2,3%, Африка 0,9% и Океанија 0,7%.

Еве кои земји се најдоа во топ 10:

  1. Германија – 22,3 милијарди долари (12,6% од вкупниот извоз)
  2. Кина – 19,5 милијарди долари (11%)
  3. САД – 16,4 милијарди долари (9,3%)
  4. Финска – 9,01 милијарди долари (5,1%)
  5. Шведска – 8,96 милијарди долари (5,1%)
  6. Канада – 8 милијарди долари(4,5%)
  7. Италија – 7,6 милијарди долари (4,3%)
  8. Франција  – 6,9 милијарди долари (3,9%)
  9. Холандија – 5,6 милијарди долари (3,2%)
  10. Австрија – 5,22 милијарди долари (2,9%)

Според извозот на хартија, земјава е на 89-то место со остварен приход лани од 20.334 долари.

Фото: Pixabay