Претседателот на Здружението на германските работодавачи (БДА), Рајнер Дулгер, остро го критикуваше курсот на владата и побара подобри услови за економијата.
„Економијата е во рецесија. Невработеноста расте. Германија ја изгуби својата привлечност за инвеститорите“, се пожали Дулгер на Денот на работодавачите во Берлин, каде во публиката беше и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Споредено со изминатите месеци, се чини дека барем малку е зголемена свеста за проблемите во оваа влада“, вели Дуллгер. Тој посочи дека е постигнат напредок во областа на професионалната работна имиграција и намалување на бирократијата, јави агенцијата ДПА.
Сепак, тоа не е доволно. „Мора да се заработи конкуренцијата. Тоа не може да се постигне со субвенции“, рече тој.
Стимулациите за предвремено пензионирање треба да се укинат, а работата мора да биде привлечна и по старосната граница за пензионирање, изјави претседателот на здружението на работодавачи.
Дулгер, исто така, се залагаше за регулирана миграција на пазарот на трудот.
Неопходно е да се направи разлика помеѓу регулирана и нерегулирана миграција. „Добро е што државата сега го покажува своето присуство на границите“, рече тој, мислејќи на неодамна зголемените контроли.