Германските експерти од автомобилската индустрија дополнително ја намалија својата прогноза за очекуваната продажба на електрични автомобили во 2024 година во петокот, наведувајќи ја слабата побарувачка.
Здружението на германската автомобилска индустрија (ВДА) предвидува дека оваа година ќе бидат продадени 372.000 електрични автомобили, што е за 29 отсто помалку од лани.
ВДА претходно очекуваше пад од 25 отсто, односно 393 илјади продадени автомобили од овој тип. Во првите девет месеци продадени се 276.000, што е за 29 отсто помалку во однос на истиот период лани.
ВДА како причина го наведува минатогодишното откажување на субвенциите за електрични автомобили, што ќе сочинува само 13 отсто од регистрираните нови возила во 2024 година.
Во Германија годинава падна и вкупното производство на автомобили. Годинава се произведени 3,11 милиони, што е за еден отсто помалку од лани и за 13 отсто помалку во однос на предпандемијата 2019 година.
Од друга страна, во споредба со минатата година, Германија го зголеми извозот на автомобили за три отсто, но тоа сепак е за 10 отсто помалку од 2019 година, пренесува Хина.