Германија очекува нормализирање на туризмот во текот на летото

60

Германската Влада не смета на нормализирање на туристичкиот пазар пред летото, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за економија.

“Мислам дека следните два до три месеци ќе биде тешко да се замислат патувања“, изјави германскиот владин комесар за туризам Томас Бареиш.

Тој очекува туристичкиот пазар да почне да се опоравува во вториот квартал и целосно да заживее до летото.

На лето, според проценката на демохристијанскиот политичар, туристички патувања ќе бидат можни не само во рамките на Германија, туку и интерконтинентални патувања.

“Ако навистина успееме да ги вакцинираме повеќето граѓани во вториот квартал, ќе имаме релативно безбедна ситуација кога станува збор за патувања“, рече Бареиш.

Фото: Pixabay