Германија очекува вакцина против коронавирус во првиот квартал од 2021 година

37

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан очекува дека вакцината против коронавирусот ќе биде подготвена во првиот квартал од следната година.

Министерот за здравство и министерката за наука, Ања Карличек во септември изјавија дека се надеваат дека ќе може да почнат со вакцинирање на ризичните групи во првите месеци од 2021 година, а Шпан денеска рече дека прогнозите се остваруваат.

“Како што стојат работите, претпоставувам дека ќе можеме да почнеме во првиот квартал од следната година“, рече Шпан на видео конференција со истражувачкиот Институт Ifo.

Вакцинацијата би била доброволна, а предност ќе имаат ризичните групи, постарите лица и вработените во здравствените институции и старечките домови.

Германија поддржува неколку проекти за развој на вакцина, а Шпан рече дека на крајот би требало да има повеќе од доволно за сите.

Фото: Pixabay