Германската канцеларка Ангела Меркел одлучи постепено да ги ублажи воведените мерки. Мерката за социјално дистанцирање е продолжена до трети мај, а од 20 април ќе се отворат продавниците кои имаат површина помала од 800 метри квадратни.
Меѓутоа фризери и останати дејности каде има близок контакт нема да можат да работат пред четврти мај.
Владата, исто така, ги советува граѓаните да носат маски при купување и во јавниот превоз, а училиштата ќе бидат постепено отворени, почнувајќи од четврти мај.
Религиските собирања во цркви, џамии, синагоги и останати храмови во Германија и понатаму остануваат забранети. Исто така, власта одлучи големите јавни настани да бидат забранети до 31-ви август.
Слични мерки, неделава презема и Австрија.
Фото: Pixabay