Германија отвори истрага против неколку пивари

44

germany_beerГерманските антимонополски власти покренаа истрага против неколку пивари поради наводно договорено местење на цените на пивото.

Според магазинот Фокус, регулаторното тело уште минатата година започнало истрага против десетина пивари, кои заедно држат преку половина од германскиот пазар на пиво.

Меѓу пиварите што се под истрага се Warsteiner, Krombacher, Carlsberg, Erdinger, Bitburger, AB-Inbev, произведувачот на Becks и Oetker, произведувачот на Radeberger и Jever.

Портпаролот на Warsteiner потврди дека властите биле во потрага дали компанијата е вмешана во можно хоризонтално местење на цените, но дека не им ги кажале првичните резултати од истрагата.

И од Bitburger потврдиле дека се под истрага поради сомневање за делување спротивно на законот за пазарна конкуренција, додека Radeberger, Carlsberg, AB-Inbev и Erdinger одбиле да ја коментираат истрагата.

Истрагата, која треба да заврши до летото, е најнова во серијата местење цени од висок профил откриени од страна на антимонополските органи на Германија во последниве години.