Германија планира до 2030 година да базира 10 отсто од својот БДП на вештачка интелигенција

Германската влада подготвува нова стратегија чија цел е 10 проценти од економското производство на земјата да се базира на вештачка интелигенција до крајот на оваа деценија, според нацрт-документ што го виде Ројтерс.

„Со офанзивата во областа на вештачката интелигенција, сакаме да генерираме 10 проценти од БДП до 2030 година и да ја претвориме во клучна алатка во централните области на истражување“, се вели во нацрт-стратегијата што германската влада треба да ја усвои до крајот на јули.

Германија сака да го намали јазот со САД и Кина во клучните технологии, вклучувајќи ја вештачката интелигенција и квантното пресметување