Германија планира масовна изградба на ветерни турбини

99

Германската влада подготви пакет закони кои би требало значително да го забрзаат проширувањето на ветерните турбини на копно. Енергијата на ветерот е најважна за заштита на климата и за намалување на зависноста од фосилните горива, изјави во средата министерот за економија Роберт Хабек.
Истовремено, Хабек рече дека не го игнорирал фактот дека големиот развој на енергијата на ветерот ќе предизвика отпор кај многу луѓе и во одредени региони. Политичарите мора да одговорат на стравовите и загриженоста, но не смее да има политичка блокада, рече Хабек.

Сега, додаде министерот, предност имаат регионите кои имаат обновливи извори на енергија бидејќи се поатрактивни.

Планот на владата е да одреди локации за производство на енергија од ветер – 1,4 отсто до 2026 година, а два отсто од површината на Германија треба да биде достапна за турбини на ветер до 2032 година.

Сепак, овие планови се далеку од реализација во повеќето германски провинции. Во некои случаи, целите се различни поради различните услови на развој на енергијата на ветерот.

Истовремено, конфликтот меѓу целите за развој на енергијата на ветерот и заштитата на животинските видови треба да се реши со измена на законот за заштита на природата.