Германија планира забрана за возилата што користат фосилни горива

56

avtomobili izduvni gasovi

Германија од 2030 година планира да ги забрани возилата што користат фосилни горива, пишува Forbes.

Германскиот Bundesrat, уставно тело во коешто има претставници од сите 16 покраини, го прифати предлогот којшто предвидува забрана за користење возила со внатрешно согорување од 2030 година.

Ова тело предлага ваквата уредба да важи и на ниво на Европската унија, а како дополнителна мерка предлага и воведување на даночни олеснувања за да ја поттикне продажбата на електрични возила.

Германија планира до 2050 година да ја намали емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата од 80% до 95%.