Германија под клуч до Велигден?

94

Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за дополнителни осум до десет недели строго затворање за да се спречи брзото ширење на мутираниот коронавирус, објави весникот Билд.

“Ако не успееме да го запреме овој британски вид на вирус, тогаш до Велигден ќе имаме десет пати поголем број на случаи. Потребни ни се уште осум до десет недели строги мерки“, рече германската канцеларка.

Сегашните мерки за затворање се во сила до крајот на јануари, но веќе има индиции од неколку покраини дека строгите мерки можат да бидат продолжени во февруари.

Институтот Роберт Кох денеска објави 12.802 нови случаи со коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи се искачи на 41.577.