Германија поради Ковид-19 бележи рекорден јавен долг

58

Јавниот долг на Германија оваа година поради пандемијата на коронавирусот достигна рекордни 2,1 билион евра, објави тамошниот државен завод за статистика.

Вкупниот јавен долг на државата, покраините и општините е зголемен во споредба со крајот на минатата година за 11%, па кон крајот на јуни изнесувал 2,1 билион евра, се наведува во соопштението на Заводот во Висбаден. Тоа е највисокиот кога било забележан јавен долг во Германија.

Порастот се поврзува со воведените рестриктивни мерки во борбата против последиците од пандемијата на Ковид-19.

Најмногу се зголемил јавниот долг на федерацијата, а кај сојузните покраини тоа се случило во Северна Рајна – Вестфалија.

Но и покрај високото ниво на јавниот долг, економистите порастот не го сметаат за драматичен.

“Зголемувањето на државниот долг е сосема соодветно дури и кога станува збор за толку големи износи бидејќи со тоа е спречена уште полоша финансиска криза“, изјави Јенс Суедекум, професор на Универзитетот во Дизелдорф.

Тој смета дека државата добро ќе го поднесе новото задолжување, бидејќи практично не плаќа камата.

Во Бундестаготсе разгледува буџетот за следната година, којшто предвидува нови задолжувања од околу 90 милијарди евра.

Германскиот министер за финансии Олаф Шулц предупреди дека мерките за финансиска помош на економијата не смеат драстично да прекинат.

“Ако го направиме тоа сега, ризикуваме многу поголеми трошоци подоцна и со тоа ја доведуваме иднината во прашање“, истакна Шулц.

Фото: Pixabay