Германија позајмува уште 60 милијарди евра

51

Германскиот парламент го одобри ребалансот на буџетот што ќе се финансира со дополнително задолжување од 60 милијарди евра, со цел да се зголеми помошта за компаниите и здравството за време на пандемијата, со што долгот ќе се искачи на рекордна сума на годишно ниво.

Со ребалансот на буџетот, нето задолжувањето на земјата оваа година ќе изнесува нешто повеќе од 240 милијарди евра.

Во обраќањето до парламентот, министерот за финансии Олаф Шолц го бранеше владиниот предлог, повторувајќи го ветувањето за ублажување на економските последици за време на третиот бран на корона вирусот со дарежлива фискална поддршка.

“Ќе продолжиме вака до крај. Затоа што, по пандемијата, сакаме целосно закрепнување“, рече тој.

Приближно 25,5 милијарди евра од новиот долг ќе бидат наменети за продолжување на финансиската линија за ликвидност на компаниите погодени од заклучувањето, а скоро 15 милијарди евра ќе бидат дадени на болници и вакцинации.

Фото: Pixabay