Германија пред силен “бран“ стечаи

30

Во Германија заврши едногодишниот мораториум на покренување постапки за стечај поради несолвентност и веќе постојат сигнали дека ќе има зголемен број на случаи во најголемата европска економија, пренесува Ројтерс.

Германија ја суспендираше обврската за пријава на несолвентност минатиот март во рамки на пакетот мерки за поддршка на компаниите во услови на пандемија. Тој потег наиде на обвиненија дека владата едноставно ги поддржува “зомби компаниите“ коишто немаат иднина.

Благодарение на оваа мерка, неликвидноста на компаниите се намали, но Берлин од октомври минатата година почна со постепено укинување на оваа одлука. Оваа година, само фирми кои очекуваат државна помош од ноемврискиот пакет се изземени од обврската да пријават несолвентност.

Фото: Pexels