Германија се подготвува за различни сценарија доколку Русија воведе санкции на „Газпром Германија“

83

Германија ја разгледува најавата на Русија дека ќе воведе санкции за делови од „Газпром Германија“, поранешна филијала на рускиот производител на гас „Газпром“ во Германија, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за економија.

„Германската влада и Федералната агенција за мрежа, како повереници на „Газпром Германија“, веќе се во процес на преземање на неопходните мерки на претпазливост и подготовка за различни сценарија“, се вели во соопштението на портпаролот.

Снабдувањето со гас во моментов е загарантирано и постојано се проверува, додаде портпаролот.