Сиромаштијата минатата година била проблем за секој петти Германец, соопшти германскиот завод за статистика. Податоците покажуваат дека жените се повеќе погодени со сиромаштијата отколку мажите.
Во Германија, според податоците на Заводот, лани живееле околу 16 милиони луѓе кои не можеле да ги плаќаат сметките, да одат на одмор или барем секој втор ден да имаат пристоен ручек.
Жените биле во потешка состојба. Кај нив квотата на сиромаштија била 21,3%, додека младите под 18 години биле сиромашни во согласност со просекот од 19,9%. Постарите луѓе биле помалку сиромашни, 15,3%.
Бројот на сиромашни на возраст меѓу 18 и 64 бил над германскиот просек, покажува статистиката.