Германија со совет до своите жители: Не патувајте во Дубровник, Прага, Женева…

117

Германското министерство за надворешни работи ги советуваше своите жители на патуваат на повеќе дестинации во Европа, меѓу кои се: Прага, Женева, Дубровник и Корзика, поради високата стапка на заразени со коронавирус, пренесува Ројтерс.

Предупредувањето не претставува забрана за патување на тие подрачја, но им сугерира на патниците да ги ревидираат своите планови. На овој начин им се овозможува на патниците да го откажат патувањето без дополнителни трошоци.

Германија за подрачја од висок ризик ги смета земјите и регионот каде за седум дена се забележани 50 или повеќе случаи на зараза со коронавирусо на 100.000 жители.

Прогласување на некое подрачје за ризично, значи дека оние кои во моментот се враќаат од тоа место од одмор ќе мора да се тестираат на коронавирус и да останат во самоизолација додека не ги добијат резултатите од тестирањето.

Фото: Pixabay