Фото: Pixabay
Германија се врти кон обновливи извори на енергија како ветер и сонце, што ќе чини 300 милијарди евра. Според некои наводи, 2013 година би требало да биде година на зелената енергија, особено во Европа.
Помина повеќе од една година откако канцеларот Ангела Меркел постави за цел укинување на нуклеарната енергија во Германија до 2022 година, но цената за преминување на обновливи извори на енергија ја плаќаат граѓаните, јавува Алџазира. Сметките за струја во Германија, кои се меѓу највисоките во Европа, годинава би можеле да пораснат за 47% поради вртењето кон обновливата енергија што го започна Владата.
Планот е Германија да се сврти кон добивање енергија од ветерот и сонцето, што ќе ја чини државата 300 милијарди долари. Но, енергетската мрежа се уште не е подготвена за вакво нешто, па потребни се уште милијарди евра инвестиции.
Владата на ваков чекор се одлучи по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија.