Германија за две години ги забранува пластичните кеси

30

Властите во Германија изгласаа закон за забрана за пластични кеси во малопродажба од 2022-ра година, со што и понатаму ќе бидат дозволени тенки пластични кеси за пакување овошје и зеленчук.

Забраната се однесува за пластични кеси со дебелина од 15 и 50 микрометри, при што се работи за стандардни кеси што се користат во малопродажба. Од забраната се изземени пластични кеси за пакување на овошје и зеленчук, како и пластичните кеси од подебел материјал, наменети за повеќекратна употреба.

Според организацијата за заштита на животната средина, оваа забрана има само “симболична тежина“ иако ја поздравуваат одлуката.

Фото: Freepik