Германија: За неносење маска се добива забрана за јавен превоз

22

Германската железница (Deutsche Bahn – DB) ги изрече првите долгорочни забрани за користење на нивните превозни средствата на лицата кои одбивале да носат заштитни маски, јавуваат германските медиуми.

“DB изрече забрана за сообраќање со своите средства на повеќе од десет лица поради повеќекратно одбивање на носење заштитни маски“, кажа портпаролката на концернот.

На тие лица во следните шест месеци им е забрането да ги користат превозните средства на германската железница, и во меѓуградскиот и во локалниот сообраќај, а забрането им е и да влегуваат во железничките станици во земјата.

Кај поголемиот дел од лицата кои се казнети со забрана за возење станува збор за припадници на групите кои го негираат постоењето на пандемијата на коронавирусот.

Тие во декември на социјалните мрежи постираа видео во кое без заштитна маска се возат во вагон на DB и притоа ги малтретираат патниците со маски.

Во случај на непочитување на изречената забрана DB се подготвува да поднесе кривична пријава за попречување приватен имот.

Фото: Freepik