Германија започнува да го спроведува законот за говор на омраза

28

mobile-phone-1917737_960_720

Фото: Pixabay

Во Германија со почетокот на новата година започна спроведување на закон со којшто социјалните медиуми ќе бидат казнети доколку не ги отстранат говорот на омраза, лажните вести или објавениот нелегален материјал, пишува BBC.

Веб страните што не ги отстрануваат незаконските содржини може да се соочат со парични казни до 50 милиони евра. Законот на социјалните мрежи им дава 24 часа да дејствуваат откако ќе им биде соопштено дека го прекршуваат законот.

Законот се однесува само на социјалните мрежи со повеќе од два милиони членови. Освен рокот 24 часа за отстранување на пријавената содржина што не треба да биде онлајн, за покомплексни случаеви рокот може да биде продолжен до една недела за да може да се анализира карактерот на објавата.