
Германската компанија EMS Shipping and Trading поднесе тужба против Албанија до Арбитражниот суд ICSID во Вашингтон поради концесијата за управување со терминалот во пристаништето Драч, чија вредност се проценува на неколку милијарди евра.
Од 2013 година, компанијата има право да управува со Источниот терминал на пристаништето за утовар и истовар на бродови. Но, сегашните планови за развој на пристаништето значат дека компанијата треба да се пресели во ново пристаниште, кое ќе се гради во Порто Романо.
Но, бидејќи новото пристаниште сè уште не е изградено, од германската компанија велат дека продолжувањето на бизнисот е неизвесно, пренесува Еурактив.
Компанијата ја поднесе тужбата на 7 април, откако претходно испрати жалба до албанската влада, германската дипломатска мисија во Албанија и до делегацијата на ЕУ.
Како што се наведува, бидејќи до истекот на 35-годишниот договор остануваат уште 25 години, дојде до арбитража.
Врз основа на заработката на компанијата во 2021 година од вкупно 1,3 милиони евра, пресудата во нивна корист може да ја чини албанската држава десетици милиони.
Албанија изгуби неколку арбитражни случаи од висок профил во последниве години.
Фото: Pixabay











