Германската автомобилска индустрија изгуби повеќе од 48.700 работни места за една година

Германската автомобилска индустрија изгуби повеќе од 48.700 работни места во период од една година, според најновите податоци од германскиот завод за статистика Дестатис.

Губењето на работните места претставува пад од околу 6,3 проценти од вкупната работна сила во секторот, соопшти институтот, додавајќи дека бројот на вработени на крајот од третиот квартал од 2025 година изнесувал 721.400, што е најниско ниво од вториот квартал од 2011 година, објави Дојче Веле.

Според Дестатис, автомобилската индустрија е сè уште втор најголем индустриски работодавач во Германија, по машинската индустрија, која вработува 934.200 работници.